„Ленка“ „Проштавање“

од Коста Солев Рацин
„Балада за непознатиот“
Препис во оригинал како што е издадена во збирката песни „Бели Мугри.


Проштевање

На печалбарите


Не ли ти кажав, не ли ти кажав,
не ли ти реков на проштевање?
Ич не ме чекај, ич не ме пекај
Белград е ламња, во Белград ја роб
снага по туђи палати оставам,
снага во усти несити клавам,
и дома — дома не ке се вратам,
не ке ги пиам очите твои
не ке ја галам снагата твоа —
далеку негде сувата рака
по тебе, Вело, пустата мака
пуста ке остане. . .

Знам оти гердан веке не нижеш,
знам оти чеиз и ти не везеш,
знам, Вело, пусто остана сичко —
не ли си и ти аргатка клета?
Тутуни садиш, тутуни нижеш,
тутун таговно у монопол редиш,
ме споменуваш и ем си жалиш
денови — крепи тешки си редиш —
Величко, мори, другачко златна!

Но почуј, Вело, што ке ти кажам!
Не ми се, Вело, жали и клети!
Подигни очи — очи засвети
ониа очи, што душа горат!

Тој што ни, Вело, однесе сичко —
тој ни остави от темно темен
веков за мака — но и за борба.
Има на вој свет како нас многу!

Има ги, има — мачат се, копат,
копачи копат по темнината,
копачи копат и тунел дупат.

И има, има — радост голема
радост длабока во темнината:
да светиш, Вело, жар да се стопиш —
во борба гроб ти душа не зема!

Поврзано


  Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 50 години.