Да имав сили, да бев динамит,
Јас ќе го урнев светов мрачен, сит!
Ех, да бев бура, ураган да бев,
Ни еден тиранин не ќе оставев!
Нанадолу со глава имаше се да свртам,
Немаше роб во животот да трпам!
Та јас сум силен бидејќи мојот Бог,
Бог на Вистината е - на сѐ е проблесок!
И тргнав јас да барам пат за в рајот,
Кајшто на злото му запира крајот.
Долг пат ќе беше, пат кривуличав, и јас по тој
Пат борби и борци видов недоброј.
Вековите облеани во крвје
Се вишеа а покрај патот, в немо врвје
Мојсеј и Буда, Христос и Мухамед
И уште Јан Хус, стоеја в еден ред,
Гледајќи мрачно кон Монт Еверест,
Таејќи за доцнењето на светот бес...
И кон иднината, кон Запад вртам поглед чист,
Од кајшто вее зефир игролист,
Од кајшто духот на слободата, ко мирис,
На умот питомината ја шири,
Се завртев јас, влез да побарам,
За братство, еднаквост и слобода да знам.
Но, само на слободата јас лик и фатив,
Цел нужна борбата за да се сфати,
Низ три белезици ја видов како треска:
Трговска, попска и војно-царска...
В далечина, кај светат видов јас
Бакунин, Толстој, Дарвин, Иго, Маркс.
Ги почитам јас сите нив од ред
И уште други големци од овој свет,
Но, највеќе го сакам, во ова време кризно,
Бакунин - таткото на бунтот и тероризмот!