Баба ми појде море на пазаро

Баба ми појде море на пазаро

од народното творештво


Баба ми појде, море, на пазаро,
таму си купи едно ми петле,
петлето вика: кукуригууу...
ќе појам, бабо, ќе појам.
Дедо ми појде, море, на пазаро,
таму си купи едно магаре,
магаре вика: хрр... хрр...
јавни ме, дедо, јавни ме.
Баба ми појде, море, на пазаро,
таму си купи една ми крава,
кравата вика: мууу...
млеко ќе ти давам, мори, да пиеш.
Баба ми појде, море, на пазаро,
таму си купи една ми овца,
овцата вика: беее...
в’лна ќе ти давам, мори, да предеш.
Дедо ми појде, море, на пазаро,
таму си купи едно ми куче,
кучето вика: уау...ау...
ќе лаам, дедо, ќе лаам.

Поврзано

уреди

Поврзано

уреди

Македонски народни песни