А бре невесто

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

А бре невесте, око калешово,
зашчо си толку бреј ујадено?
А бре војниче, младо војниче,
како да не сум бреј ујадено?
Еве имат бре, девет години,
како ми лудо војник зедоје.

А бре невесте, младо невесте,
какви јадови сега кажуваш?
Какви јадови сега кажуваш
и да го видиш не го позинаш?

А бре војниче, младо војниче,
ја имам мајка, моја свекрва.
Кога т'ја мајка сина прегрне
и ја да си му рака целивам.


Поврзано

уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.