Ај зајди зајди јасно сонце

Ај зајди зајди јасно сонце

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Ај зајди зајди море јасно сонце,
мене ми здодеја ова пуста жетва.
Над глава ми стојат до три спахии
И они ми велат ајде бргу жнејте.

Први ни вели ајде бргу жнејте,
А втори ми вели ниско да жнејме, [2х]
А трети ми вели класја збирајте.

А мене ми плаче моето машко дете
Јас не можам дидам да го превијам, [2х]
Да не го превијам да не го најадам.


Поврзано

уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.