Македонски народни песни/ Ајде што пијана шеташ Фиме
(Пренасочено од Ајде што пијана шеташ Фиме)
Ајде што пијана шеташ Фиме е македонска народна песна.
Текст на песната
уреди- Ајде што пијана шеташ Фиме
- Ајде што пијана шеташ Фиме
- што пијана шеташ
- ај што пијана шеташ Фиме мори
- пијана без ракија.
- Ајде тебе не прилега Фиме
- тебе не прилега
- ајде тебе не прилега Фиме мори
- чаршија да одиш.
- Ајде чаршија да шеташ Фиме
- чаршија да шеташ
- ајде чаршија да шеташ Фиме мори
- боса на налани.
- Ајде тебе ти прилега Фиме
- на сарај да седиш
- ајде на сарај да седиш Фиме мори
- жолтици да нижиш.
- Ајде жолтици да нижиш Фиме
- жолтици да нижиш
- ајде жолтици да нижиш Фиме мори
- на грло да носиш.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |