Македонски народни песни/ Ајде шана мана на кантарот
(Пренасочено од Ајде шана мана на кантарот)
Ајде шана мана на кантарот е македонска народна песна.
Текст на песната
уреди- Ајде шана мана на кантарот
- Ајде шана мана на кантарот
- да ме бараш Веле зад амбарот
- ајде да ми дојдиш на Велигден
- на Велигден Веле, третиот ден.
- Ајде да заиграш едно оро
- едно оро Веле на сред село
- ајде и да умрам не ми е жал
- се' што носам Веле, се' е твое.
- Ајде челината лаковани
- Од Пандета, Веле, Шулинчето
- ајде шегунчето навезано
- од Смилета, Веле, Малинчето.
- Ајде кошничето кадифено
- од Сандрета, Веле, Новинчето
- ајде и да умрам не ми е жал
- се' што носам Веле, се' е твое.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |