Ајде разболе се мојто либе

Ајде разболе се мојто либе
во туѓа земја,
ајде разболе се и ќе умре
многу далеку.
Ајде пратив писмо мила мамо
јазе да идам,
ајде јас да идам мила мамо
за да го видам.
Ај да го видам мила мајко
па да си умре.
Ајде немој ќерко, немој душо
многу е далеку,
ајде немаш пари, немаш ништо
сме сиромаси.
Ајде ќе продадам мила мајко
ковани ѓердан,
ајде ќе продадам мила мајко
јазе да идам.
Ајде јас да идам мила мајко
за да го видам.

Поврзано

уреди