Ајде легнала е Лилјана

Ајде легнала е Лилјана
на зелената полјана.
Ајд’, на зелената полјана,
на Радевото колено.
Ајде, Раде ми ја будеше,
бело ѝ лице љубеше:
"Ајде, стани, стани, Лилјано,
да видиш чудо големо.
Ајд' темен се облак зададе,
ситна ќе роса да зароси.
Ајде, три порој ќе дотечат,
нас двајца ќе нè однесат!"

Поврзано уреди