Ајде кога водев коњ да појам
- Ајде кога водев мила мамо
- коњ да појам на кладенец
- море там' си најдов мила мамо
- едно лично мало моме.
- Ајде очите и' черешови
- лицето и' јасно сонце
- море учи мајко поучувај
- што да правам да го земам?
- Ајде слушај синко стара мајка
- не лудувај по момето
- море момето е посвршено
- во комшии за Ѓорѓија.
- Море ќе го грабам мила мамо
- ќе го грабам од Ѓорѓија
- море ќе го носам во одаи
- во одаи на дивани.