Ајде воденичаре
- Ајде воденичаре, баш пријателе
- море мојте очи твои нека бидат
- сомели ми житото.
- Воденицата вода ми нема
- нети мелам житото.
- Ајде воденичаре, баш пријателе,
- море мојте солзи вода нека бидат
- сомели ми житото.
- Воденицата камен ми нема
- нети мелам житото.
- Ајде воденичаре, баш пријателе
- море мојто лице твое нека биде
- сомели ми житото.
- Воденицата вода ми нема
- нети мелам житото.
- Ајде воденичаре, баш пријателе
- море мојта снага твоја нека биде
- сомели ми житото.
- Воденицата вода ми има
- ќе ти мелам житото.