Ах мори бабо, стара бабо,
- Ах мори бабо, стара бабо,
- ах што имаш ќерка мори убава
- бабо, аман, аман.
- А што имаш ќерка убава,
- ама имаш лоши комшии
- бабо, аман, аман.
- Ах што имаш лоши комшии,
- што лоши зборој зборвеја
- бабо, аман, аман.
- Како на небото ѕвездите,
- како в' Црна Река рибите
- бабо, аман, аман.
- Како во гората лисјата,
- како во полето тревата,
- бабо, аман, аман.
- Како на момите ѓерданите,
- како на момците гајтаните
- бабо, аман, аман.
- Ах, море синко, мили синко,
- кога имам ќерка убава,
- синко, аман, аман,
- та кучиња лаеле,
- та комшии зборвеле,
- исто ми е.