- Ах море мажу, мил домаќин,
- јас ќе ти умрам.
- Ах мори жено, жалба ми падна,
- кажи што ти се стори?
- Ах мори жено, жалба ми падна,
- кажи што ти се јаде?
- Мене ми се јаде пресна погача,
- шо невеста месила.
- Мене ми се јаде печена кокошка,
- уште не пронесена.
- Мене ми се пие тригодишно вино,
- три пати преточено.
- Јас ти слегов долу во избата,
- каде стојат дрвата,
- па си зедов една суровица,
- уште недокастрена,
- десет пати удри, еднаш брои,
- уште недокастрена.
- Еве ти жено пресна погача,
- шо невеста месила.
- Еве ти жено печена кокошка,
- уште не пронесена.
- Еве ти жено тригодишно вино,
- три пати преточено.