- Ано поминуваш, Ано заминуваш,
- што писма држиш, со мене не збориш?
- Ано ле, душо ле,
- душа не остана Ано во мене,
- севдо ле, изгорев Ано за тебе.
- Ано жити Бога, дај ми една вода,
- со твојата рака, од твојата стомна
- да се напијам, срце изгорело
- Ано ле, душо ле,
- душа не остана Ано во мене,
- севдо ле, изгорев Ано за тебе.
- Ано жити брата, отвори ми врата
- да ти го видам белото ти лице.
- Твое бело лице и црните очи.
- Ано ле, душо ле,
- душа не остана Ано во мене,
- севдо ле, изгорев Ано за тебе.
- Ај ти бре Димо, кир Димо Шанов,
- нели је знаиш мојата свекрва?
- Мојата свекрва Љуба Тасканџивка
- не ме остава на порта да слезам,
- на порта да слезам, со тебе да зборвам.
- Димо ле, душо ле,
- душа не остана Димо во мене,
- севдо ле, изгорев Димо за тебе.