Аман седнала ми бре Јана
- Аман седнала ми бре Јана,
- под таја сенка лозница,
- леле, таа бела лозница,
- аман широк шик плете,
- леле со мајка се пречка.
- Аман не ми дочу бре Јано,
- леле стара бре вештице,
- леле стара, стара старице,
- леле подај ми бре вештер,
- аман де новите стомни.
- Аман јас да си отидам
- леле на студен кладенец,
- аман вода да се напијам,
- леле грло да ладам,
- аман јадови да заборавам.