- А бре, Алија море, делија [x2]
- ни татко имаш Али, ни мајка
- само една пуста, џанам, тамбура.
- Што е ова чудо Али со тебе,
- цело село викат Али по тебе?
- Цело село викат Али по тебе [x2]
- дека си ги мамел Али момите
- и калешите, џанам, невести.
- И калешите, џанам, невести,
- и тие сироти вдовици.
- Цело село чинит џанам давија,
- давија џанам кај кадијата.
- Кадијата ми го Али повика
- и почна кадијата да судит.
- И почна кадијата да судит,
- Алија почна џанам да свирит.
- Тогаш ми извикал кадијата,
- алал ти биле џанам момите!
- И калешите, џанам, невести,
- и тие сироти вдовици.
- И калешите, џанам, невести,
- и тие сироти вдовици.