Ако одам во Битола
- Ако одам во Битола,
- ќе прошетам по Широк Сокак.
- А на дембел чаршија
- кафе ќе се напијам,
- младост мило ќе си спомињам. [x2]
- Еј, мори моме, како да речам,
- за Солуна, за Стамбола,
- неа не давам. [x2]
- Ако одам во Битола,
- ќе нарачам до три пајтона.
- Први мене ќе носи,
- в' други чалгии ќе свират,
- в' трети товар, мерак ќе носам.
- Еј, мори моме, како да речам,
- за Солуна, за Стамбола,
- неја не давам. [x2]
- За Солуна, за Стамбола,
- Битола не давам.