Адамъ и Ева испѫдени отъ Рай

Предлошка:TextQuality

Адамъ и Ева испѫдени отъ Рай  (1892) 
од Марко Цепенков

Сборникъ за народни умотворения, наука и книжнина, издава Министерство за народното просвѣштение. книга VII. София, Държавна печатница 1892, (книжовенъ отдѣлъ. 167-169)

От коа му грешиа на Бога Адам и Ева, и истерал от раио надвор (навънъ). Прошетаа окулу раiо некоi саат и бидеiки било приквечер, се стемнило. Седнале до едно дрѫво и, уплашени от темницата, се пулеле и назат, и напрет, и надесно, и налево, от страот на темницата. „Ах, Ево, Ево, iе велел Адам, заошто ме излага да каснам от дѫрвото и да му грешам на Бога? И да сум истеран от светлиiо раi? та да седам во оваа темница со страв и трепет, без да имам некоi при мене; леле iас сиромав, дали ке имам избавиште от ова страшило, што ме наклапушило сега?“ Ева само слушала и овкала и пѫрстите от рацете си и кѫршела, а пак Адам плачеiки и овкаiки се туткал во Ева, и от страв на темницата си и покривал очите со рацете.

Сето тоа гьаолот беше го слушал и нему се казал на адама и Ева, дури приближало зора да пукнит. „О, о, добро утро, Адаме, и ти Ево, му рекол, што нешто сте се уплашиле и сте се стуткале? Дали и вам Госпот ве истерал, како што ме истера мене?

„Е, е, море гьаоле, му рекла Ева, немат кабает Госпот што не истера, туку ти ми имаш кабает што не излага да касниме от дѫрвото. И на место да ни се отворат очите, еве ни се затвориа, от оваа лоша и страшна темница, што не наклапушила“. „Не боiте се, Ево, не боiте се, ie рекол гьаолот, и не страшете се от темницата, оти iaс сум цар на неiа; сега бѫрго ке одам и ке ви донесам светлина; немаiте гаiле, лели ве донесе кѫсметот под моiата рака, само ако ме слушате мене што ке ви велам, цареи ке бидите на земьава; што сакате, ке си праите“. „Ов море гьаоле, ов море брате, му рекол Адам, ако ни се наiдиш на овоi саат и да ни донесиш бело видело, нема никоi пат да те забораиме“. „Пеки, Адаме, му рекол гьаолот, потраiте со Ева малце, дури да поiдам за да ви донесам бело видело, ама гледаi вамо, Адаме, немоi нешто пишман после да се сториш и да се откажиш от мене“. „У, у, брате гьаоле, збор е тоа да се откажам от тебе? Ни во вьеки нема да се откажам; вака да ме знаеш ти мене; подаi малио пѫрс за да се заортачиме“, му рекол Адам. „Мошне арно, Адаме, му рекол гьаолот, лели велиш така, аi удри си пѫрстот на плочава што е пред мене, за да ни е салам работата и зборот, за от сега вамо ке бидеме бракьа и челат твоi што ке ти се родат, живите да бидат твоi, умрените моi“.

Се свѫрте Адам от каi Ева и iе рече: „Е Ево, што велиш на ова згора? Дали да удрам пѫрстот на плочава, за да бидиме ортаци на челатта со гьаолот? Ете тоi вели: живите ке бидат наши, а умрените да сет негои“.

„Е, лели живите ке бидат наши, му рекла Ева, умрените нека се негои, само виделина нека ни донеси, да удри му пѫрсто и ич не боi се.“

От кога чу адам от жената си Ева тоi збор, склони да си удри пѫрсто на плочата, што му iа покажа гьаолот.

„Е ai кажи ми, бре гьаоле, му рекол Адам на гьаолот, како да го удрам пѫрсто на плочата?“

Му iа ватил гьаолот раката десна на Адама и му го надраскал со ноктот пѫрстот, та го раскѫрвавил и писал со кѫрвта сенет (записъ) за умрените да бидат от гьаоло, а живите от Адама. На часот iа грабнал плочата гьаолот и летнал со неа, та iа однесол во реката Еордан, во наi-длабокото место и, дури се вратил от Еордан, се раздени.

Едно дошол пред Адама и Ева гьаолот, и му рекал: „Е Адаме, и ти Ево, видовте, оти ви iа донесов виделината? Аi сега станете да ве научам да напраите кукьа“.

Стана Адам и Ева и тѫргнаа да одат по гьаола, да и учи да си напрат кукьа. И водил по себе и учил гьаолштинье; близу приквечер и натерал да соберат суи дѫрвьа и да напраат една колиба. „Клаi го ова дѫрво, Адаме, му рекал гьаолот, со чапорешкава от десно; клаi го другово от лево на еден чекор, на широко, стави i двата краia горе; клаi едно озгора i клаi и друзи от страните; а сега набери трева навѫрлаi на дѫрвата и влезете си со Ева в натре да си спиете и ич не боiте се дури сум жив iас“.

Зеде Адам еден остѫр камен, како што го учеше гьаолот, зарамни местото, каi што ке праеше колибата, и iа напраi како што го учеше гьаолот, и си влегол со Ева да си седи.

От тоi ден веке Адам се со гьаолот си живеел и го слушал се што му велел; покраi Адама и Ева со се челатта му го слушале и негои биле, при се што беше си дал Адам имза за от коа ке умрат децата от Адама да бидат негои. От кога умрел Адам, си влегол во вечната мака, при гьаоло и седел тамо, дури дошол Христос на земьава и се кѫрстил во р. Еордан от Иоана; каi што застанал Христос во Еордан била плочата со имзата от Адама, што му ia зел гьаолот. Со кѫрштеньето Христово се скинал сенето от Адама и кога влегол Христос во вечната мака, го изваил Адама и сите му синоi; само еден остаил Христос во вечната мака. От страот на Христа сите гьаоли беа избегале от вечната мака. Останатио чоек во вечна, кога се видел сам, сакал да излези от вечна, ама неможел; измислил еден маривет: зел коноп и ватил да сучи ортома многу дебела. Дошол еден гьаол, та го прашал, заошто и сучел ортомите; тоi му рекол ке и вѫрзел сите гьаоли и ке и носел при Христа. Кога се научиле гьаолите, оти ке и вѫрзуал, сториле еден мезлич и се собрале сите, та ти го грабнале чоекот и ти го исвѫрлиле от вечната мака надвор. От тогаi навамо немало никоi веке во вечна мака.

Слушана отъ Филипа Г. Яневъ