„На младенецот а...“

од Рајко Жинзифов



Младенец как Ангел прехарен младенец,
Ти прва си рожба, ти мајци првенец,
И чиста пречиста душа ти невина,
Как Анегл небесен во рајска градина.

Кога горна за спање навеждаше клепка,
А мајка те клават во малка колепка,
На мека постеља, на мека перница,
Под нејна пазуха заспиваш как птица.

И дор да заспиеш с пазуха те хранит,
Те чуват, те хладит, од муха те бранит,
Ти баит, ти пеит и песни детински,
Она тешки забрават болки рожбински.

Спавајќи слатко сос нега големеиш,
Спокоен ти духâт и в сон ти сја смеиш
Младенец, сонуваш усешташ ли нешто?
Он спиет нек кажит чие срце ет вешто.

Спи ти младенец под божја обрана,
Свет на правина нек ти бидит храна,
Душа ти нек не знаит хитрост, лукавство,
Ни злоба, ни завист, ни гнâсно коварство.

Расти младенец, ти прехрано рождење,
С божие и с батино благословење,
Душа ти нек видит дни светли и радост,
Од рана ти младост до глâбока старост.

Село С...

Поврзано

Наводи

  • Одбрани твроби, Рајко Жинзифов, стр. 68, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.