Рајко Жинзифов/ Крвава кошула
(Пренасочено од Автор:Рајко Жинзифов/ Крвава кошула)
Крвава кошула од Рајко Жинзифов |
- I.
- В б'лгарска ми клета земља
- има мало градче,
- то е легнало в пољана,
- име нему Прилеп.
- Прилеп - то е име славно,
- тамо е живејал
- некога си крал ни Марко,
- в него е царувал.
- Е царувал, е војувал
- с Власи, Каравласи,
- б'лгарска е бранил земља,
- роду си помагал.
- Дор е бил жив крал ни Марко,
- земља била мирна,
- не глобеха неја Турци,
- не газеха неја.
- Не рачил е мрсниј Турчин
- кашти ни да газит,
- он не можеше да љубите
- 6'лгарски девојки,
- не е мог'л да ги турчит,
- в свој харем да држит,
- да не могат да излезат
- испод тежок затвор,
- да не видат свет ми божиј,
- ни па се'лнце јасно...
- И одавна то е било
- у нас, в Б'лгарија,
- в одавнешно, старо време,
- старо али славно.
- Но зашто ја ви наумвам,
- клетички девојки,
- наше славно време, старо,
- наша прежна доба?
- Што помина не сја врштат
- назад, о девојки,
- нема краља, нема бана,
- гиздави, го нема!
- Али враг да земит, моми,
- ум, перо ми клето,
- че то искат да приказват
- с вас за таги, маки.
- И е било време, моми,
- и е било доба,
- бил е тој век златен, харен,
- да би не е било!
- Што е било? - пита штете,
- гиздави девојки,
- мене, лада сиромаха,
- скитника без рода.
- Што е било? - пита штете,
- Б'лгарки ви клети!
- Неле'е било, како в наше
- време, наша доба?
- Не така ли, како при нас,
- плакали са мајки?
- Не така ли, како при нас,
- Турчин влегвал в кашти?
- Па ударал нож си остриј
- в земља иле' на даски,
- па извиквал с глас си страшен:
- "Брго ти, ѓаурко,
- наточи ми вино ројно
- и љутица врела,
- чаши стродрамници,
- ја да пијам, да се'опијам,
- с тебе ја да легнам,
- да прегрнам рамна става,
- очи да целувам,
- не две ношти, не три ношти,
- твои црни вежди..."
- * *
- Клета ви садбина, моми,
- клета ви година,
- што вас мајка е родила
- в такво лошо време!
- О, да би е народила
- наместо вас камен,
- не ште ронех аска с'лзи,
- како сега, врели!
- Не ште пишеше перо ми
- с крваво мастило,
- немаше да ви опишам
- наше тешко време!
- Што е било? - питате пак,
- Б'лгарки, другарки,
- как е било в прежна доба,
- в то ми златно време?
- Што е било? - как е било,
- нек сега забравим,
- или ја вам сја обреква,
- милички ми сестри,
- в другиј пат вам зарад него
- ја да ви раскажа.
- Али сега, мили моми,
- нека ви прикажа
- прикаски од наше време...
- Слушајте, девојки!
- * *
- Не е било то одавна
- у нас, в Б'лгарија,
- било е в година, моми,
- петдесет и седма,
- кат притурим ошт'г хиљада
- и ос'м стотини.
- Беше вечер, јасен вечер
- у Прилепа града,
- по безоблачно ми небо
- месечина плава,
- окол неја там безбројни,
- ситни ѕвезди сјајат,
- а и ветер тихиј, хладниј
- лист на дрвја нишат.
- Во црковната градина
- весели са китки;
- през црковниј двор широки
- гиздави девојки
- врвјат с стомни, с вода п' лни,
- исто тресопатки.
- А момчета, Б'лгарчета,
- в двор'т седјат накуп,
- с жедно срце, с жедни очи
- мигајат, погледват.
- Нихна младост, пуста младост
- своето си искат.
- Как што мрена риба барат
- место по д'лбоко,
- как што славеј, малка птица,
- седело си виет
- сред расцветени ми ружи
- в поле ил' градина,
- как што мајка силно љубит
- првата си рожба,
- так и младо љубит млада,
- искат мома јунак,
- младо момче-хубавелче,
- гиздаво си либе.
- И ја некога си, моми,
- жеден бех и страден
- по моминско лице, хубост
- и по чрни очи;
- с'м сја крадел из дома си
- и с'м бегал ноштем,
- като елен млад, запален,
- плет ја с'м прескоквал.
- И сја криех во градина,
- зад макови китки,
- ил' под ружи г'столисти
- тулех сја как зајац.
- Па дочаквах свое либе
- тамо во градина,
- кога оно утром рано,
- во зора гл'бока,
- зело лејка в бела рака,
- цветја си поливат,
- а ја одвај, одвај дишам,
- да не ме догледат...
- Ала зашто си наумвам
- прежни си години?
- Нека, моми, ви докажа
- својот тажен приказ.
- II.
- Во црковната градина,
- во двор'т широкиј,
- седнала е стара баба
- пред црковни врати.
- Никој неја не ја питат
- тамо зашто седит,
- кого барат, кого чекат,
- од каде дошла е
- и што она в црква искат:
- дал' дете ште крстит,
- или сина си ште венчат
- с млада хубавица?
- Ил'е дошла за молитва
- за болнава штерка?
- Ил' задужбина ште правит
- по грехове тешки?
- Никој не си питат баба,
- гиздави девојки,
- што лице и сињо-ж'лто,
- што сја е згрбила?
- Што останали са в снага
- само кожа с кости?
- Зашто нејни стари очи
- врели с'лзи лијат?
- Зашто охкат, зашто стенкат,
- прстите си кршит?...
- Никој не ја питат, моми,
- не ште и да знаит,
- никој не си питат баба,
- мислит, че е луда.
- Нарамена стара баба
- с од козина торба.
- А што она в неја носит,
- што има во неја?
- Чекајте ви, моми, сестри,
- потрпете малко,
- сè што видим, ште узнаем,
- баба ште ни кажит.
- * *
- Седнах, моми, окол' баба
- пред црковни врати,
- па сја пуљам и сја чудам
- зашт' е жаловита
- и што барат в таква доба
- т'мна и вечерна,
- кога људи сја собират
- дома си сос чељад;
- кога људи си оставјат
- дневни си печалби
- и сбирајат окол' себе
- дребни, мили рожби,
- па с них они сја печаљат
- да сја развесељат,
- да забравјат дни си чрни,
- маки, таги, глоби...
- Шт' она барат в такво доба,
- кога сегде тихо,
- глухо сегде, т'мно сегде,
- сичко ношт покрила,
- и планини и долини,
- шуми и пољани,
- и широките градини,
- сичкиј бел свет божиј,
- кога сичко сја починват
- од печалби дневни,
- как зверове, так и птици
- питоми и диви.
- Што накарало е баба
- дом да си оставит?
- Да сја скитат като луда,
- исто кукавица?
- Нек ја питам, нек узнајам
- зло какво ја нашло.
- Чума ли село избила,
- глад ли е морило?
- Кашта л' вода е отнесла,
- та имот потопи?
- Или клетиј, гладен Турчин
- срце ѝ изгори?...
- * *
- - Бабо! Слушаш? Опули сја,
- нек си поприкажем,
- за твој, бабо, живот, помин,
- за младо ти време,
- Откаде си, кажи, бабо,
- и од кое село? Зло какво е тебе нашло,
- зла каква година?
- Што накарало е тебе в град'т ни да дојдеш?
- Што си дошла ти самичка
- без сина, без штерка
- или немаш ти роднина,
- иста кукавица?
- Само стап си взела, торба
- и повече ништо.
- И што носиш в таја торба,
- што има во неја?
- Дали суха од хлеб корка
- и лејка за вода?...
- Каква тага, каква мака
- тебе е згрбила?
- Зашто охкаш, зашто стенкаш,
- с'лзи зашто рониш?
- Тежок ли грех си сторила,
- ти си дошла овде
- да отмолиш грех си в црква,
- бога ти да смилиш?
- Или болна имаш дома,
- дошла си по вода,
- вода светена, црковна,
- болен да напоиш?...
- Не бој ми сја, мила бабо,
- не с'м з'л човек ја.
- Раскажи ми твој’т помин,
- јадове и глоби,
- милвам ја да слушам, бабо
- прикаски од баби...-
- Крена глава стара баба,
- крена, сја опули,
- а из очи с'лзи капат,
- ронат сја как бисер.
- Ето една врела с'лза
- падна долу в земља,
- чрна земља неја испи
- и дочека втора.
- Г’лтат баба врели с'лзи
- и земља них г'лтат;
- ено ред од жешки с'лзи
- накитил е клепки,
- колку клепки - толку с'лзи,
- редом, редом стојат;
- гинит ред един од с'лзи
- вториј сја показват,
- гинит вториј, а ред другиј
- хвана себе место...
- Лиет баба жешки с'лзи
- како д'жд да врнит.
- Натопила шарен ракав,
- бришит ги со левиј,
- натопила ракав левиј,
- бришит ги со поли,
- а на нејзин појас висит
- селска д'лга крпа:
- тја натопена ѝ беше,
- и тја беше мокра.
- Гиздави девојки градски,
- веч вас стигна, чукна
- европејска поразија
- френски луди моди.
- И ви, гиздави момчета,
- Б'лгарчета градски,
- г'лтате ви думи,
- исто папагали,
- а не гледате как баба
- врели с'зли лиет.
- Денем, ноштем плачит, стенкат,
- никако не спиет.
- Ако вам ви паднит тешко
- од те мои думи,
- не са, братја, те од злоба,
- а од братско срце.
- Не срдете сја на мене,
- мене сиромаха.
- Не срдете сја на мене
- скитника без рода.
- Не с'м крив аз, ако слушам
- овде чуждина,
- че ви тамо в Б'лгарија,
- в баштина ми мила,
- полудели сте по френски
- думи и по моди.
- Наша клета баба-мајка
- не ште френски думи,
- ште тја, братја, лек и билка
- да исцери рани.
- Но нек ви досвршим, братја,
- приказ си за баба.
- * *
- Крена глава стара баба,
- крена, сја опули,
- а из очи с'лзи капат,
- роњат сја как бисер.
- Искат баба да говорит,
- јадната не можит,
- бркат нејзе честа х'лцка,
- с'лзи и горешти.
- - Јадна бабо, писана ти бабо,
- гледам твоја тага,
- гледам, бабо, тешко ти е,
- на душа и срце.
- Доста, бабо, плака, стенка,
- избриши си с'лзи,
- раскажи ми твој'т помин,
- јадове и глоби.
- Негли ја ште да помогнам
- на твојата мака,
- негли ште ти кажем како
- тага да одбиеш.
- Раскажи ми сè што знаеш,
- сè, што мина през глава ти
- во живот ти целиј.
- Турчин изгорел ти срце
- или чорбаџија?
- Или чума изморила
- синове ти, дштерки?
- Или оган изгорил е
- кашта ти и стока?
- Лошо какво стигнало те
- или клетва тешка?
- Не бој ми сја, мила бабо,
- не с'м з'л човек ја.
- И кажи ми што ти носиш
- в од козина торба?
- Дали суха од хлеб кора
- и лејка за вода?
- * *
- Стара баба с дрехла рака
- крена бела крпа
- и избриши свој си образ,
- очи, клепки, с'лзи.
- И изд'хна глухо, тешко,
- скрсти обе раце,
- па с глас слабиј, жаловитиј
- начна да приказва.
- Чујте сега, о девојки,
- Б'лгарчета млади,
- бабин приказ, нејни думи
- и душевни таги.
- III.
- - Слушај, синко, слушај, милиј,
- бабини ти речи,
- запомни ги харно, тврдо,
- раскажи ги тејку.
- Мож' богат да е твој тејко
- ил' е чорбаџија,
- та ште можит да помогнит
- на стара ти баба.
- Ако ли не, кат пораснеш,
- ког' јунак ти станеш,
- срце ти кога затупа,
- в жили крв заврие,
- негли, синко, ште отплатиш
- на мој клетиј крвник...
- Много време и години
- тешки, чрни, клети,
- п'лни с маки, п'лни с глоби
- минаха през глава,
- докат ја таква си станах,
- како што ме гледаш.
- Многу видех, многу знајам
- и теглих ја многу
- откак себе помнам, синко,
- и до ден денеска
- не с'м видела ден јасен,
- весела година...
- Али сè да ти раскаже
- баба не умеет,
- та и с'лзи, синко, с'лзи
- срцето ми кинат,
- те мене не дават, синко,
- сичко да припомнам,
- те јазик ми ен заврзват,
- та и време нема... -
- Стара баба тук разгрна
- од козина торба,
- та изм'кна стара баба...
- Слушајте, девојки!
- Та изм'кна из торба си -
- страх ме е да кажем.
- Нек ви кажам! - Тја изм'кна
- крвава кошуља, моми,
- синовна кошуља!
- Бе исшарена кошуља
- од грло до поли,
- бе исшарена кошуља
- сос крвави капки!
- Капки крвави, о моми,
- г'сти, та големи,
- срце ми од них застина,
- очи, уста - неми!
- Тешка ти година, бабо,
- немаш вече сина!
- Крвава кошуља, моми
- гиздави, сја к'лнем,
- сам ја видох с свои очи,
- ја сам ја опипах!
- Гледам ја кошуља, гледам,
- а баба ни плачет,
- с'лзи лиет, сг'лзи ронит,
- охкат, стенкат, редит:
- - Сине, ти един у мама,
- сине, чедо Божин!
- Мило, писано ти чедо,
- нема тебе, нема!
- Олово, железо, сине,
- теб живот ти скина,
- Турчин махна, Турчин удри,
- тебе располови.
- Падна, сине, ти на трава
- в то широко поле,
- душа даде, душа нема,
- без да кажеш слово
- ни за мајка, ни за либе;
- крвта ти истече
- как на рудо, сине, јагне,
- младо и безгрешно!
- Беше ошел ти на пазар
- во Прилепа града
- да продадеш осмак жито,
- жито и пченица...
- Чеках ден ја, чеках два дни
- три дни и три ношти,
- ти не идеш, сè те нема
- и совсем не дојде...
- Затова л'ја ти сја радвах,
- тебе ја одгледах?
- Те одгледах и те вардех
- како прва рожба?!
- Затова л'ја тебе готвих
- хубаво девојче?
- Ти го виде, го замилва,
- шеташе ти с него!...
- Боже вишниј, боже милиј,
- зло какво ме најде!
- Грех каков ја сторих, боже,
- ил' бе тешка клетва?
- Што ја клета не дочеках
- венци да целувам,
- себ' одмена да донесам,
- сину прва љуба...
- А сега ја си останах
- пуста кукавица,
- денем, ноштем, ја кукувам,
- като луда ходам.
- Ето така, момче младо,
- бог да ми те чуват!
- Имах сина, имах чедо,
- а сега го немам.
- Ја го гледах, ја го вардех
- како свои очи
- и сос него ја забравах
- тешки си години.
- Ошт' од малечки години
- учех сина, карах
- он од Турчина да бегат,
- да не му отврштат.
- Љуто слово да не казват,
- да не го разљутит.
- Дека Турчин ште сретит,
- нему пат да правит
- и да м'лчит, кога Турчин
- него псуват, хулит.
- Секога да казват нему:
- в "Ага, беј, ефенди,
- многу ти дни и години!"
- И ак' нему Турчин кажит:
- "Ѓаур, ќор оласан",
- него он да да не докачват
- с јаловита дума.
- Ако л' в кашти дојдит Турчин
- него да дочакват
- с мед и млеко, с слатки думи
- и него да служит
- со што искат, с какво искат
- и с вино чрвено.
- Пржено ли пиле, јајца,
- младо л' тл'сто јагне,
- млеко л' кисело, ил' пресно,
- баница ил' мазник,
- или пресен леб домашен,
- в подница испечен,
- пресно л' сирене, ил' масло
- кравско или овчско,
- сè, што сакат ага-Турчин,
- сичко да му дават.
- Ето така карах, учех
- Божина си сина
- од години оште малки,
- оште од пелени.
- Али зла и тешка била
- та година, младо!...
- Беха дошле Турци клети,
- врли Арнаути,
- не двамина, не тримина,
- цели десетмина.
- Наредиха ми сја в кашти,
- седнаха си редом.
- Јадат, пијат, песни пејат
- турски, арнаутски,
- наша вера хуљат, псуват,
- кршјат стол и чаши.
- Ножове удриха в земја,
- пушки на колена;
- грло кинат, гласи креват:
- "Брго ти, ѓаурин,
- сестри л' имаш, или тетки,
- донеси ги овде,
- те нас редом да ни служат,
- да стојат на нозе;
- чаши ртедом да подават,
- чаши с вино п'лни."
- Чух ја, младо, тези думи,
- сину си ја рекох:
- - Бегај, сине, зло те најде!
- Бегај, криј сја в слама,
- сине, трпи там под копа,
- да ги уталожам...-
- Ојде син ми, он побегна,
- а па ја ним казвам:
- - Аги мили, аги златни,
- жи' ви турска вера,
- жи' ви вера, жи' ви бога,
- жи' ви Мохамеда,
- жи' ви турска книга, аги,
- сина не губете!
- Нема сестри, нема тетки,
- никого он нема:
- е едничек, е самичек,
- сираче без татка... -
- Оште речта не дорекох,
- викнаха тук Турци:
- - Не, ѓаурко, псешка штерко!
- Сина ште заколим! -
- Тргнаха тук ножове зли,
- блесна им железо,
- ја от страх паднах ничком
- и сја обезсвестих...
- Много л' лежех, малко л' лежех
- без свест и без памјат...
- али кога дојдох в себе
- и погледнах в кашта,
- видох, синко, што сум сама,
- нема Турци клети.
- Одвај станах, ојдох в плевња,
- Божина си најдох...
- Мина сја ден, вториј, третиј,
- мина сја недеља;
- ништо нема, сè е мирно
- в село, п' околија.
- Минало е злото, казвах,
- помолих сја богу.
- Боже милиј, казвах, боже,
- пречиста ти мајко!
- Не дај, боже, не дај, мајко,
- син ми да погинит.
- Кој ште, боже, мене стара
- в хладен гроб отпусне?
- Кој ште, боже, при смртта ми
- очи да заклопат?
- Ти, пречиста божа мајко,
- смили сја над мене,
- не дај злото да ме најдит,
- сина доварди ми.
- Мина злото, ја си казвах,
- син ми жив остана,
- го прегрнах, го целувах
- во чело, во очи.
- Па го карах и го учех
- себе си да чуват,
- да не казват љута дума
- Турчину си нигде...
- Врвех си дни, недели,
- нигде нема ништо,
- сегде тихо, сегде мирно,
- радост и веселба!
- Радваше сја клето срце,
- кога гледах сина, че излегол,
- че отиде да пречекат
- Грозда у широките пољани,
- пред сл'нчевен изгрев,
- Грозда, хубава девојка,
- Грозда чрноока, белолика хубавица,
- румена калинка.
- Идит Грозда,
- прусат Грозда низ гастите треви,
- носит Грозда на глава си баница
- ил' мазник на овчари,
- кои пасат калешо и стадо.
- Недалеко там в пољана
- срешташе ја Божин;
- пулеха сја оба в очи, оба червенеха.
- "Помози бог, лепа Гроздо,
- добро утро, Гроздо!"
- А та нему: "Жив да ми си!
- Дал ти господ добро!"
- "Дека ходиш, лепа Гроздо?"
- "Гледаш, ручек носам,
- кога ште е наша сватба?"
- "Скоро, Гроздо, скоро, лепа,
- скоро крај Митровден."
- А та нему: "Слушај, Божин,
- ако не ме земеш,
- сама ште ти дојдам, Божин,
- бегалка ште станам,
- татка, мајка ште оставам,
- љуба да ти бидам."
- Пулеха сја оба в очи,
- оба червенеха,
- па тргнуваха си оба -
- Божин преко поле,
- Грозда преко гасти ниви,
- секој в своја кашта.
- А мајчино клето срце
- радва ли се радва,
- че голем јунак е станал
- син ѝ за женење...
- Не на многу време радост
- е била за мене, стига веч година чрна,
- злото веч ме најде.
- Беше дошло клето време
- данок да сја дават.
- Натовари кола с жито,
- спрегна си волове,
- па си тргна в град на пазар
- жито да продава.
- Ако да бех знала, чедо,
- че зло ште го најдит,
- него немаше да пуштам,
- в тој ден клетиј, черниј.
- Да бех знала... да бех знала,
- можех ли да знајам?...
- Оште пат си не изврви
- он до половина,
- беха му пресекли патјат
- Турци-Арнаути.
- Обколиха него, чедо,
- Турци крвопијци,
- а он падна на колена,
- милно им сја молит
- да не земат млада глава,
- че един у мајка.
- Ал' не слушајат му молби
- Турци крвопијци,
- пушка пламна, пушка пукна
- в турски раце клети,
- зрно оловно продупна
- белите му гради.
- Друг изм'кна јатаган'т,
- глава располови,
- тил и теме, и чело му
- на две половини.
- Па му пливна крв червена
- низ зелена трава,
- спростре сја на чрна земја
- снага му бездушна.
- Летна му душа из снага,
- низ уста му неми,
- летна, без да кажит слово
- (немаше и кому)
- ни за себе, ни за мајка,
- ни за прво либе...
- Мина сја ден и ношт мина,
- ништо ја не знајах,
- на други ден утром рано
- сина донесоха.
- Донесоха мртва снага,
- а душа му нема!
- Окрвавени му дрехи
- и кошуља чрна...
- Видох снага, видох глава
- на две половини,
- и продупнати му видох
- мртви, млади гради.
- Видох, паднах ја на него,
- замрех ја над него;
- го прегрнах и примрела
- лежех ја над него
- полужива, полумртва
- цел ден и ношт цела...
- Клети с'лзи, врели с'лзи
- совсем не помагат,
- не помогнаха му с'лзи,
- не воскрснаха го.
- Станах, младо, като луда,
- измих мртва снага,
- измих снага, измих рана,
- сина си промених
- и заврзах на глава му
- двете половини,
- них обвих ја с бела крпа,
- бела, копринена.
- Облекох го в бела риза,
- нови, чисти дрехи,
- па го спрострех посред кашти.
- Седнах да го тажам;
- тажам, плачам, косми корнам,
- прстите си кршам;
- бијам себе и по глава,
- и по слаби гради.
- Држех него у дома си
- три дни и три ношти,
- дор у него мртва снага,
- хвана да смрдеит.
- Многу време стенках, плаках,
- пролих жешки с'лзи,
- не штех да ја пуштам
- в гроб'т т'мен, студен.
- Али нему ја не можех
- душа да му дадам,
- станах, каних два-три попа,
- збраха сја роднини,
- дојдоха и познајници,
- врстници-момчета,
- кренаха го на носила,
- носат го на рамо;
- и на гробиштата тамо
- поп молитва пеја,
- па го од носила зеха,
- пуштиха го в гробот...
- Ето така момче младо,
- бог да ми те чуват,
- имах чедо, имах сина,
- а сега гонемам.
- Само ми остана, младо,
- крвава кошуља,
- над која ја тажам, плачам,
- врели с'лзи лијам.
- Вардам синовна кошуља,
- крвава кошуља,
- и сос неја ја ште легнам
- в гроб студен и т'мен...
- IV.
- Јадна, клета бабо-мајко,
- тешка ти садбина!
- Тешка ти година, бабо,
- немаш вече сина!
- Твои думи, јадна бабо,
- тврдо ја запомних,
- помнам тија жешки с'лзи,
- јадри като бисер.
Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 100 години. |