Христо Смирненски/ Автономна Македонија
Автономна Македонија од Христо Смирненски |
оригинално напишан на македонски јазик во 1922. |
„ |
Ќеф е бе, браќа жими Ристос. Еве ти нагантот или парабелот, еве ти бомби, еве ти пушка- карај да ја ослободиме. Прескочи граница, утепај еден српски џандар, па се качи на планината да гледаш сеир. Ама доле сељнуријата ќе види зорт сетне- да види , да е јунак да се качи на планината и раат да биде. Србине се лутат на нас. Чудат се што ни дошло на ум, та не кандисем. Па и Стамболијата ги еди вакви трици Белград, ама ќе му се види тесен и Стамбол. Зашто бе, браќа. Али е лошо да имаше еден ваков занајаткако нашиот - ни работа работиш, ни вергија платиш, ќеф ти гори на планината, ќеф ти доле во селото, за ручање- шо дал Господ, сè ќе се најде. Нели си комита. Ако те каздиса некој, дигни му парабелот- бум, ајде со здравје. Хеле какво матно е времето - да ти е ќеф да тепаш. Па колко за Македонија, ќе бидит автономна. Ќе стреламе, ќе дигаме ѓурултија, ќе бегаме кога потребе, па Грци и Срби ќе колат, ќе бесат, ќе палат куќите- што ќе чиниш: ова е автономија. Не е шега работа! Автономијата значи да се изравни Македонија, та да може автомобил да оди по неа. Ене го Тането. Во ѓурултијата во Тракија минал границата од турско во грчката како на дунунма. Бре пиштоли, бре бомби- да каздиса грчуљата. Кога се собрале многу - ќе бега што ќе чини. А па Грците удриле една автономија над бугарските куќи - да ти е драго да гледаш. Ушче ми е ќеф за Неврокоп. Ја направивме автономијата шарена како велигденско јајце. Ама ќе речеш, ти не во Солун или во Битола, ами во Неврокоп. Вака можеме, вака правиме. Еве ти сега во Ќустендил. Ќе му удриме тамо една автономија, па и дечињата ќе поминат. Елбете и правителство ќе каздиса мало, ама кај ќе ни фати? Па много да се не закача, оти ќе направиме една автономија во Софија, па ќе го видиме тогај. Оти како ни е дошло до гуша, ќе се предвикнеме некое сабајле: -Ураа, да живеј автономна Македонија во Добруџа биле! |
“ |