Абер ми дојде од Солуна града
- Абер ми дојде од Солуна града
- солунчани де бесилка стаиле,
- ќе ми го бесат Гоцета,
- Гоцета Делчев војвода.
- Гоце ми се сторил
- црно ќумурџиче
- па ми се шетал
- Солунска чаршија.
- На среќа сретнал аскери
- и на Гоцета зборуват:
- - А бре ѓаурче, црно ќумурџиче
- не ли го виде Гоцета,
- Гоцета Делчев војвода?
- - А бре аскери, вие бре аскери
- и да го видам Гоцета,
- јас Гоце не го познавам.