Ќе ти умрам мамо

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Ќе ти умрам мамо леле
ќе ти умрам мамо,
ќе ти умрам мамо
рано во недела. [x2]

Рано во недела леле
рано во недела,
рано во недела
на мека постела. [x2]

Да ме закопате леле
да ме закопате,
да ме закопате
пред црквина порта. [x2]

Да ми посадите леле
да ми посадите,
да ми посадите
ружица румена. [x2]

Кај што ќе помине леле
кај што ќе помине,
кај што ќе помине ружица да скини
ружица да скини мене да ме спомни.


Поврзано

уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.