Љуби, љуби лудо младо

Љуби, љуби лудо младо

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Љуби, љуби лудо младо [2х]
дури лице ми е бело
дури лице ми е младо. [2х]

Љубам, љубам лудо младо [2х]
дури срце љубов сака
ајде дојди дај ми рака. [2х]

Јас со тебе љубов водам [2х]
каде сакаш лудо младо
јас со тебе сал ќе одам
ако тебе не те земам
лудо младо ќе изгорам.


Надворешни врски

уреди

Блог за македонски народни песни


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.