Љубеле се двајца млади

Љубеле се двајца млади

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Љубеле се двајца млади, еј!
Љубеле се двајца млади,
Од малечко до големо,
Еј, љубезен мој.
 
Дојде време да се земат, еј!
Дојде време да се земат,
Мајка ќерка не ја дава,
Еј, љубезен мој,
Мајка ќерка не ја дава,
Татко сина не го жени,
Еј, љубезен мој.
 
Решиле се двајца млади, еј!
Решиле се двајца млади,
Да ми одат во гората,
Еј, љубезен мој.
 
Ти ќе станеш јавор дрво, еј!
Ти ќе станеш јавор дрво,
Јас ќе станам јавор пиле,
Еј, љубезен мој.


Поврзано уреди

Надворешна врска уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.