22 глава Јов
23 глава
од н.п.
24 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

 1 Јов проговори и рече:
  2 „Уште и сега е горчливо моето слово: моите страдања се потешки од моите воздишки.
  3 О, кога би знаел како да Го најдам, како да стигнам до Неговиот престол,
  4 пред Него би го изложил своето дело, од мојата уста би излегле доказите.
  5 Би сакал да знам што би ми одговорил и да го разберам словото што би ми го рекол!
  6 Зар Му треба голема сила за препирката? Не, достатно би било Тој да ме сослуша.
  7 Би видел праведен во противникот, и тогаш би се ослободил засекогаш од Судијата.
  8 Ако тргнам кон исток, не можам да Го најдам; ако тргнам кон запад, не Го согледувам.
  9 Барам на север, но не Го забележувам; невидлив е ако се завртам на југ.
10 Па сепак, Тој добро го знае патот по кој чекорам! Нека ме испита: ќе излезам чист како злато!
11 Мојата нога се држеше до Неговите стапки, одев по Неговиот пат не застранувајќи.
12 Не отстапувајте од заповедите на Неговите усни, ги чував словата на Неговата уста повеќе отколку секојдневната храна.
13 Но ако посака нешто, кој ќе Го одврати? Што и да посака со душата, тоа ќе го исполни.
14 Ќе го изврши тоа што ми го определи мене, како и сè друго што одлучил!
15 Заради тоа, јас сум исплашен пред Него, и колку повеќе мислам, стравот ме фаќа посилно.
16 Бог ми го раслаби срцето, Сèдржителот ме исплаши,
17 иако не пропаднав ни во темнините, ниту во мракот што моето лице го покри.”

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse