Јован Јовановиќ - Змај/ Циганинот го фали својот коњ

„Циганинот го фали својот коњ“

од Јован Јовановиќ - Змај
Македонски превод. Песната е оригинално издадена на српски јазик.

Го гледаш ли мојот коњ,
господару, стар?
Та не знаеш дал е кољ
или птица -
ластовица.

Симни ги очилата -
не му се нагледуваш,
Колку да се џариш!
Туку ајде, побргу,
да се пазариме!

Ти уште ме прашуваш
дали чини?
Немај грижа!
Кај Циганин не би седел
да не чини.

Таков не можеш да најдеш
в царски штали;
само Циго не умее
да го фали.

Да го посипе со злато
кој не штеди,
па и тогаш еден златник појќе вреди.

Ако имаш - јаде сено,
зоб и слама.
Ако немаш - тој не бара,
не ми треба.

Немој да го гледаш в заби
мој гулабе,
ни јас не ги гледав,
исто сè e:
тој не може да старее.

Што појќе го тераш, куме,
сè помлад е, појќе бега.
Е, па ајде да го платиш -
најди пари сега!

А прашуваш дали може
да прескокне ендек -
ендек, ендек - каков ендек?
Тако уште не се родил
што тој не го прескокнал!
Прескокнува лесно, силно
како да е птица крилна -
и тоа надолж, а не преку!

Јас го јавам без седло -
грбот му е седелст;
за пасош не прашувај -
тоа го навредува!

Ајде, куме, не е редно
да прашуваш како гледа!
Тоа е за приказ жива:
назад гледа како напред,
геда ноќе како дење,
а пак дење како ноќе-
такви му се очите!

Пак прашања редиш тешки:
дали има грешки?

Затоа го продавам,
без грешка е -
застанете,
такви коњи не се за нас,
Циганите.

Каква му е брзината?
Од молња е малку побрз.
Слушај сега,
ќе ти кажам:

- Еднаш дур од Нови Сад
се враќав од пат.
Нè погоди плусок страшен
- не нè стаса.
Молња сева - коњот вјаса,
дождот брза - а тој побрз.

Дождот повторно се враќаи
и го фаќа,
коњот гледа преку глава,
не се дава.
Дождот лета да го плиска
а тој - вриска!

Штом стасавме под шаторот,
в циганскиот дворец убав,
сè суво на коњот мој -
сал опашот воден беше,
само тој.


Поврзано

уреди


  Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.