Јован Јовановиќ - Змај/ Сестра братче лула

„Сестра братче лула“

од Јован Јовановиќ - Змај
Македонски превод. Песната е оригинално издадена на српски јазик.

Лулко, моја шарена,
лулкај ми го Младена,
лулкај ми го, лулко мила,
да ми стане јунак - сила
лулкај братче - јуначе
за да не се расплаче.

Лулко, моја шарена,
лулкај ми го Младена,
нека јакне, нека расне,
голем јунак да порасне.


Поврзано уреди


  Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.