Јован Јовановиќ - Змај/ Разговор со мачето

„Разговор со мачето“

од Јован Јовановиќ - Змај
Македонски превод. Песната е оригинално издадена на српски јазик.

Маченце, цуленце,
јас многу те сакам,
помисли, погоди
што држам в рака?

За вечера, маченце,
едно грутче шеќерче!
-Шеќерче, детенце
мене не ми треба!

Јади го, дај му го
на канаринчето!
За мене, детенце,
јадење е леко-
едно канче млеко.


Поврзано уреди


  Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.