Јован Јовановиќ - Змај/ Разбиена војска

„Разбиена војска“

од Јован Јовановиќ - Змај
Македонски превод. Песната е оригинално издадена на српски јазик.

Васе, Силе и брат Миле,
три дечиња тоа биле,
три војници,
три јунаци,
но со кураж биле слаби,
а јунаци како баби.

Горната е слика таква,
прав се крева до облаци,
Васе, Силе и брат Миле
три војници,
три јуанци
в страв бегаат од гусаци.


Поврзано уреди


  Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.