Зузука пчелка,
ветрети вее
поточе в гора
гргори, пее,
лоза се вие,
в роса се мие,
птиците пеат,
песнички леат,
шумата чиста
весело листа
сè се повторува:
пролет зазорува.
Сонцето светол
водоскок плиска,
ја слати сета
глед, Фрушка Гора,
штом пукне зора,
секаде здравина,
сегде убавина.
Сè се повторува:
пролет зазорува.
Мравките веќе
брзаат среќни,
штурчето штури
со топла љубов,
така го слави
животот убав.
Муграта руди,
живот се буди.
Сè се повторува:
пролет зазорува.
Децата мали
играат, пеат,
се прегрнуваат,
во радост греат.
Гледај: насекаде
сонце и цвеќа.
Тоа е пролетна
блажена среќа!