Јован Јовановиќ - Змај/ Зимска песна

„Зимска песна“

од Јован Јовановиќ - Змај
Македонски превод. Песната е оригинално издадена на српски јазик.

Зима, зима, па што дека?
Таа не е страшен лав?
Зима, зима - е па нека,
не се плаши кој е здрав.

Ајде, надвор кој е јунак,
таму врне убав снег,
гледај онде снегот дунал,
створил ѕитче покрај брег.

А зимата што ми може,
што ми може, ништо, не!
Може носле да ми вцрви,
и тоа е, ете, сè.

Сестро Зоре, зошто чекаш,
сега ти си, ти на ред;
сега ќе се загрееме
само чучни на тој лед.

Еве жива железница, -
каква трка, каков лет.
Збогум, птици лекокрили,
сега наш е сиот свет.


Поврзано

уреди


  Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.