Јован Јовановиќ - Змај/ Гулабице моја

„Гулабице моја“

од Јован Јовановиќ - Змај
Македонски превод. Песната е оригинално издадена на српски јазик.

Гулабице моја, мила
ти до пладне кај си била?
Да не си се под облаци
вивнала,
да не си се брканица
играла;
или пак те влекла желба
на нива?
Знам, вистина не си била
на слива.
Може в село да си била
ти на кров;
или негде да си била
ти на лов.
Или си се ти на поток
капела?
Кого си сретнала?
Со кого си шетала?
Каде си ми била,
гулабице мила?


Поврзано

уреди


  Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.