Јован Јовановиќ - Змај/ Јаре, јаренце

„Јаре, јаренце“

од Јован Јовановиќ - Змај
Македонски превод. Песната е оригинално издадена на српски јазик.

Јаре, јаре, јаренце,
гулапчуле, беленце,
доближи си главичка
да си каснеш тревичка.

Ако малку заѕвониш
и мрднеш со главичка,
уште за грош повеќе
ќе ти дадам тревичка.

Ако речеш: „ме“
ќе ти дадам сè!


Поврзано уреди


  Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.