Јовано, Јованке е македонска народна песна. Во песната се зборува за забранета љубов помеѓу двајца млади. Оваа песна била преработена од страна на македонската етно група Леб и сол, на нивниот осми студиски албум насловен „Звучни зид“, а се појавува и на нивниот втор албум во живо насловен „Live in New York“.

Текст уреди

Јовано, Јованке
Крај Вардарот седиш, мори
Бело платно белиш,
Бело платно белиш, душо
Сè нагоре гледаш.
Јовано, Јованке,
Јас тебе те чекам, мори
Дома да ми дојдеш,
А ти не доаѓаш, душо
Срце мое, Јовано.
Јовано, Јованке,
Твојата мајка, мори
Тебе не те пушта,
Кај мене да дојдеш, душо
Срце мое, Јовано.