Ја излези стара мајко

Ја излези стара мајко

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Ја, излези стара мајко,
На пенџерето,
Па да видиш кој помина -
Умрев за него.
  
Ми помина Осман-бегот,
Мила мајчице,
Ми помина Осман-бегот -
Умрев за него.
 
Кај што оди - ветер вее,
Мила мајчице,
Кај што стои - сонце грее -
Умрев за него.
  
Ќе се турчам, ќе се грчам,
Мила мајчице,
Ќе се турчам, ќе се грчам -
Умрев за него.
  
Ќе го земам Осман-бегот -
Умрев за него.
Ќе ме носи во Охрида,
Мила мајчице,
 
Ќе ме носи во Охрида -
Умрев за него.
Ќе ме шета со кајчето
По езерото.


Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.