Јас си појдов во Битола

Јас си појдов во Битола

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Јас си појдов во Битола,
јас си појду во Битоља,
Ленче бре,
занает да науча.

Не научив занаетот,
не научи занаето,
Ленче бре,
тук научу љубовта.

Ах, да знае мојта мајка,
ах, да знае мојта мајка,
Ленче бре,
гробо да ми ископа.

И на гробо да напиши,
и на гробо да напиши,
Ленче бре:
- „Тук' почива љубовта“.

Љубовта е нешто лошо,
љубовта е нешто лошо,
Ленче бре,
којшто знае да цени.


Поврзано

уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.