Јас си го сакам нано

Јас си го сакам нано

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Јас си го сакам мамо
поповото Стојне.
Кажи, речи, речи, кажи,
поповото Стојне.

Црни очи има мамо,
солунски филџани.
Кажи, речи, речи, кажи,
солунски филџани.

Руса коса има мамо,
од рамо на рамо.
Кажи, речи, речи, кажи,
од рамо на рамо.

Рамна снага има мамо,
како мрена риба.
Кажи, речи, речи, кажи,
како мрена риба.


Поврзано

уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.