Јано Јанке Кумановке

Јано Јанке Кумановке

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Јано Јанке Кумановке
запали ме изгоре ме 2х

реф.

Јано Јанке мори Кумановке леле
Јано Јанке мори ти душманке.

Направи ме суво дрво мори
суво дрво јаворово. 2х

реф.

Запали ме изгоре ме мори
со твоите црни очи. 2х

реф.

Со твоите црни очо мори
со твоите гајтан веѓи. 2х


Поврзано уреди

Надворешни врски уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.