Јанке ле, Јанке убава

Јанке ле, Јанке убава

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Јанке ле, Јанке убава
облечи бела промена.
Облечи бела промена
па слези Јанке сред село.

Па слези Јанке сред село
да видиш чудо големо.
Да видиш оро големо
и да се фатиш на оро.

Не можам либе да дојдам
нели сме пусто роднина.
Тате и чичо два брата
мама и стрина јатрви.
Тате и чичо два брата
јас и ти први брачеди.

Јано ле Јанке убава
широко поле крај нема.
Широко море крај нема,
ситно камење број нема.
Длабоко море дно нема
убава Јана род нема.


Поврзано

уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.