Јана мајко луто колне

Јана мајко луто колне

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Јана мајко џанам луто колне
што ме зеде мајко на далеку
на далеку преку Вардар
аман, аман преку Вардар.

На далеку преку Вардар
преку Вардар мајко у бегови
да им метам рамни двори
рамни двори шим широви.

Да не можам џанам да се видам [х2]
нит' со мајка нит' со татко
нит' со мојто прво либе.


Поврзано уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.