Јана грло заболело

Јана грло заболело

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Јана грло заболело,
не е грло како грло. [x2]

Море не е грло како грло
тук' е в' грло лута рана. [х2]

Никој Јана не верува,
ни мајка е, ни татко е. [x2]

Кој што Јана веруваше
не е тука, е далеку. [x2]

Не е тука, е далеку
е далеку в' град Солуна. [x2]


Поврзано

уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.