Јадна Доца леб месила

Јадна Доца леб месила

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Јадна Доца леб месила,
заб'равила сол да тури.
Куде иде, све казује,
јадна Доца леб месила,
јадна Доца леб месила,
заб'равила сол да тури.

Дочуле гу терзиите,
запишале на аршини.
Куде иде, све казује,
јадна Доца леб месила,
јадна Доца леб месила,
заб'равила сол да тури.

Дочуле гу овчарите,
запишале на кавали.
Куде иде, све казује,
јадна Доца леб месила,
јадна Доца леб месила,
заб'равила сол да тури.

Доце ми се досетило,
дека сол не му турило,
па почнала да га соли,
и леба га пресолила.


Поврзано

уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.