Ѓурѓово лето проклето

Ѓурѓово лето проклето

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Ѓурѓово лето проклето леле
Ѓурѓица цвекје мори береше.
Ѓурѓица цвекје береше, леле,
мајкини скутои ги китеше.

Мајкини скутои китеше, леле,
мајка ги од скут, мори, фрлаше.
Нит' Ѓурѓа моја, нит' цвеќе, леле,
кога си мајка, мори, не слуша.

Ѓурѓице, бела божице, леле,
отиди горе на бачило.
Отиди горе на бачило, Ѓурѓо,
нарани бели, мори јаганца.

Не смеам, мајко, да одам, леле,
таму е Петре, мори, овчарот.
Таму е Петре овчарот, мамо,
он мене ќе ме, мори, заљуби.


Поврзано

уреди


  Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.