351 песна 352 песна

од Браќа Миладиновци
353 песна
на современ македонски правопис.



„Филипо, моме Филипо!
Излези на пенџерата,
Да ти го видам лицето
На книга да го напишам;
Зашто кa одам на војска,
Ко' ке ми текнит за тебе,
Книгата да ја поглеам,
Т'гата да ми поминит.”
„Егиди лудо и младо!
Кога ке одиш на војска,
И јас ке идам со тебе.”
„Филипо, моме Филипо!
Не можиш д' идеш со мене,
Зашто ме мене писае
Баш буљук-баша да ода,
Зелени бајрак да носа
Дур до Црвено Јаболко*-
Филипо, моме Филипо!
Излези на пенџерата
Да ти и видам очите,
Очите да и напишам!
Ко' ке ми текнит за тебе.
Книгата да је отворам,
Очите да и целивам,
Жалбата да ми поминит.