Зборник на Миладиновци/ Решпел Георгија

Свети Петар Решпел Георгија

од Браќа Миладиновци
Сирак Јован
на современ македонски правопис



Кинисал ми Решпел Георгиа
Што ми наполнал до три гемии,
Прва со восок, втора со темјан,
Втора со темјан, треќа со масло;
И ми кинисал по црно море.
Ќар да ми ќарит на света Гора.
Одил што одил до стреде море,
Тој ден ми беше свети Никола.
Ми помрзнае до три гемии
Во стреде лето, во црвеника.
Бога помоли Решпел Георгиа:
„Егиди светен свети Никола!
Отпушти ми и до три гемии,
Јас да си појдам во света Гора,
Да и аризам на света Гара!”
Ми отмрзнало црноно море;
И си и тргнал до три гемии,
Решпел Георги ќар не ми ќарил,
Тук м' и аризал на света Гора.