Зборник на Миладиновци/ Девојка хврљат камен

Тодора керка Девојка хврљат камен

од Браќа Миладиновци
Невеста загубвит Татари
на современ македонски правопис


Собрале ми се набрале
До триста млада момчина,
Тие да камен фарљает,
Кој ке се камен натфрлит.
Сите се редум редиле,
Никој го камен натфрли.
Кога го зеде девојка,
Сите и камен натфрли;
Тога ми велит девојка:
„Еј вие младд јунаци!
Харам да ви је улефе
По двесте, триста грошеи,
Кога се најме девојка,
Сем да ве камен натфрлит!”